Чешката полиција приведи околу 30-тина симпатизери на англиската фудбалска репрезентација поради иницирање на нереди во центарот на Прага.

Како што пренесуваат англиските медиуми, симаптизерите на „гордониот албион“ кои биле под дејство на алкохол дивееле низ градот и ги преминале границите од дозволено во пресрет на квалификацискиот меч помеѓу Чешка – Англија.

После интервенцијата на полиција која употребила сила, страстите се смириле и останатите навивачи мирно се упатиле кон стадионот. Приведените симпатизери по брзка стапка ќе бидат соодтвено казнети и вратени во Англија.

OhridNews