Во време на најголемиот Христијански празник, кога се слави вечниот живот и милоста Божја, се случува крајната контрадикторност, зенит на човечко лицемерие и суровост. За време на Велигденските пости, милиони јагниња ќе бидат одвоени од своите мајки, изложени на невиден терор, страв, болка, ќе завршат масакрирани, реагираат од здружението „Анима Мунди“.

– Овој наш апел и молитви ги упатуваме до сите оние кои животот го ценат во секоја форма, ја гледаат убавината и во битијата кои се поинакви а толку слични на нас. Размислете барем еден миг: јагнињата не разнежнуваат кога ги гледаме, а всушност на шестмесечна возраст тие се грабаат од нивните мајки, плачат, но за нив спас нема – се транспортираат во неподносливи и крајно сурови услови, за на крајот да бидат однесени во кланица, каде малите јагненца ги врзуваат, силеџиски ги закачуваат за едната нога со кука, колат и оставаат да искрварат, наведуваат меѓудругото во својата реакција од здружението.

Од Анима Мунди, бараат произнесување и од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и македонското свештенство за жртвите на јагнињата и замолуваат за нивно образложување дека животот не може да се слави со смртта на невините.

Како што потенцираат од здружението, нивниот апел е со цел да се разбуди и сочува хуманоста во човекот, апел до разумот, срцето и сочувствителноста кај нас сите, да во париодот кога се слави животот.

OhridNews