Викендов во Скопје беше спроведена обука во рамките на проектот „Заедно за животните, заедно за граѓаните“, инициран од Здружението за заштита на животни Анима Мунди од Скопје, а поддржан од Анималиа Охрид, Animal world Струга, Мали Херои Битола и Гласот за животните од Велес.
Целта на проектот е да се придонесе кон поврзување и зајакнување на улогата на здруженијата за заштита на животните, преку зголемување на нивните внатрешни капацитети, подобрување на вештините за мобилизација на јавноста и поттикнување меѓусебна соработка со јавноста, сè со цел да станат релевантни субјекти во креирањето на јавните политики кои ќе влијаат врз одлуките и стратегиите на локалните власти при решавањето на прашањата кои ги опфаќаат животните, љубителите и сопствениците на животни, како и прашањата кои ја засегаат севкупната јавност.
Инаку, „Заедно за животните, заедно за граѓаните“, претставува коалиција од здруженија за заштита на животни, неформални групи и граѓани активисти за правата на животните, која стреми кон воспоставување соработка, партнерство, заедничко дејствување и синхронизирана борба за правата на животните во Република Македонија.
OhridNews















