Претставници на Здружението за заштита на животни „Анималиа“од Охрид ќе го поддржат Протестот против насилството врз животните кој ќе се одржи утре во Скопје во организација на „Анима Мунди“.

-„Анималиа“ со поддршка на овој протест против она што им се случува на бездомните животинки во „Вардариште“ и на „Вардариште“ сличните „прифатилишта“ ширум земјава! Доста е повредување на нивната благосостојба, доста е со усмртување живи битија, побогу кој тоа право им дал да одлучуваат кој да живее, а кој не!?, пишува на Facebook страната на „Анималиа“.

Преку протестот во Скопје, здруженијата за заштита на животните и љубителите на животни ќе испорачаат листа со барања до надлежните, кои може да се прочитаат тука.

Според најавите, протестот ќе започне во 12 часот на Градскиот Плоштад.

OhridNews