Деновиве локалното Здружение за заштита на животните „Анималиа” се поднови со уште два импровизирани кафези, каде привремено ќе бидат сместени бездомните животни од охридскиот регион.

Од ова охридско Здружение велат дека иако располагаат со кафези, сепак се соочуваат со недостаток од финасиски средства наменети за одржување на хигиената и купување храна за животните, односно постои дефицит на волонтери.

Убава вест, без сомнение. Им благодариме на ЈП „Охирдски Комуналец“ што ни излезе во пресрет, особено за разбирањето и престретливоста од страна на нивниот шеф. За жал, имајќи ги предвид околностите, еден од кафезот ќе остане празен некое време. Иако има едно чудо кучиња по улициве, не ќе можеме привремено да сместиме ниту едно од нив. Прво, тешкотијата околу обезбедување средства за храна за кучињата кои се наоѓаат во претходно поставени кафези. Друго, потребни ни се повеќе волонтери. Трето, потребни се и средства за одржување на хигиената и чистотата.“ – велат од „Анималиа“.

Оттаму потенцираат дека деновиве ќе се обидат да стапат во контакт со надлежните во општина Охрид, за кои се надеваат дека ќе имаат слух и разбирање околу проблемите со кои се соочуваат.

Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и дека Охрид ќе постане прв град во Македонија, кој ќе служи за пирмер во однос на прашањето за третманот на бездомните кучиња. Самиот член 143 од Одлуката за комунален ред на град Охрид вели: „Во прифатилиштата треба да се обезбеди спроведување на соодветни мерки и персонал со цел ефикасна заштита на животните, редовно хранење и напојување и доколку е потребно, нивно лекување.“ – потенцираат од „Анималиа“.

Во идниот период, од „Анималиа“ најавуваат акција за стерилизација и кастрација на бездомните кучиња во Охрид.

Ама за тоа, претходно ќе треба да ни се обезбеди топла просторија. Пред да се вратат на улица, стерилизираните кучиња треба да бидат на топло, затоа што нивната телесна температура после зафатот, драстично опаѓа.“ – нагласуваат од „Анималиа.“

O.T.