39 % од испитаниците од спроведената анкета на здружението Хуманитарен хоризонт, на поставено прашање “ДАЛИ ЌЕ ИЗЛЕЗЕТЕ НА ГЛАСАЊЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ИЛИ ЌЕ ГИ БОЈКОТИРАТЕ” се изјаснале дека ќе излезат на гласање.

Дека ќе ги бојкотираат изборите се изјасниле 24%, додека пак 37% од испитаниците не се изјасниле или одговориле дека сеуште не одлучиле или дека размислуваат.

Како што информираат од здружението, анкетата била спроведена телефонски, според методологија од ИРИ на 1.117 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари.

Во општините каде што мнозинството на населението е од албанска националност, 67% се изјасниле дека ќе излезат на гласање, 14 % се изјасниле дека нема да излезат, а останатите 19% немаат никаков став или сеуште не одлучиле.

OhridNews