Ракометниот клуб Охрид в сабота со почеток во 19 часот и 30 минути на домашен терен против составот на Еурофарм Работник ги започнува натпреварите од плејофот во Супер лигата.
Најчитаниот интернет портал во регионов, Ohrid News минатиов месец спроведе анкета на која читателите имаа можност да ги искажат очекувањата од охридскиот клуб во втората фаза од ракометниот шампионат.
Поголем дел, односно 42 проценти од читателите ракометниот клуб Охрид го гледаат од 4-та до 6-та позиција на табелата. Вкупно 239 читатели или 29 проценти веруваат во „гладијаторите“ дека ќе ја покорат Супер лигата, 100 (12%) го сместуваат клубот позади шампионот на втората позиција, додека 143 (17%) типуваат на Охрид дека ќе ја освои третата позиција.
Првото учество на Охрид во мечевите од плејофот беше минатата сезона и заврши на петтата позиција позади Вардар, Металург, Макс Струмица и Прилеп.
OhridNews
Следно анкетно прашање: Цените на продуктите за велигденските празници се…?