Светското првенство во фудбал кое се одржува во Русија влегува во завршна фаза. Четири селекции во 1/2 финалето ќе се борат за двете места во финалето, кои овозможуваат борба за престижниот трофеј во големото финале.

Во полуфиналето ќе се судрат Франција – Белгија односно Хрватска – Англија, а најчитаниот интернет портал во регионов Ohrid News на љубителите на фудбалот и спортот преку анкета поставена најдолу на интернет страната им овозможи да го погодуваат победникот на Мундијалот.

Полуфиналните натпревари на програмата се вторник и среда, а финалето е закажано за в недела во Москва.

OhridNews