Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и натаму има предност пред неговиот опозициски ривал. За Груевски позитивно мислење имале 47 проценти, а негативно 46,4 проценти од испитаниците, додека за Бранко Црвенковски позитивно мислат 28,3 проценти, а негативно 63,5 проценти.
Нема поголеми промени и во албанскиот политички кампус. Најголема доверба ужива ДУИ – 6,0 проценти, ДПА 2,5 проценти, а Нова Демократија 1,8 проценти.
И натаму висок е процентот на неопределените – 20,7 проценти, а дури 27,6 проценти се изјаснале дека нема да гласаат.