Мнозинството од граѓаните не сакаат амнестија за упадот во Собранието од 27-ми април, покажа најновата анкета на Телма и МЦМС, што ја напрви агенцијата М-проспект.

На прашањето, дали сметате дека е потребна амнестија за политичко помирување во земјава, 66,9 насто од анкетираните рекле не е потребна амнестија, туку спроведување на правдата.

Дека амнестијата ќе донесе политичко помирување сметаат 24,8 осум насто од граѓаните.

Останатите одговориле со „не знам“, или одбиле да дадат одговор.

Граѓаните не сакаат ниту избори. Мнозинство од речиси 59 проценти, сметаат дека вонредните избори не се решение за политичките случувања во земјата, додека 33,5 насто сметаат дека се решение.

Што се однесува до рејтингот на партиите, ставот на граѓаните можеме да го сублимираме во фактот дека СДСМ расте, додека ВМРО паѓа. 26,8 отсто за СДСМ; 21,5 за ВМРО-ДПМНЕ.
ДУИ е стабилна so 6,7 %, потоа е Алијансата со 3 %, БЕСА сo 2,4 додека нема да гласаат 21,3 %.

Но, тука многу се интересни податоците според етничка припадност. ВМРО-ДПМНЕ е водечка партија кај Македонците: 30,4 отсто со пет процентни поени пред СДСМ – 25,5 %.
Збележуваме историска промена кај албанскиот електорат.

СДСМ е прва партија кај Албанците со 27,5 отсто од преференците, додека ДУИ е втора со половина процент помалку.
Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кај Албанците е еднаков на нула, со што нивниот коалиционен капацитет и понатаму останува драматично слаб, објави Телма.

Во состојба на генерална недоверба кон политиката, што се однесува до личната доверба, Зоран Заев е во убедливо водство со 21,4 отсто рејтинг, но рејтингот му е благ пад. Христијан Мицковски е зад него со 14 процентни поени, со раст во личниот рејтинг и прв пат над Иванов чиј рејтинг е во пад и застанува на само 6 отсто. Следува Ахмети со 5,7, Села 3,8 %, и азилантот Груевски во слободен пад со 2,7 %, рејтинг во рамките на статистичките грешки.

Големата поддршка на Заев доаѓа и од популарноста кај Албанците – со 17,6 отсто поддршка тој е втор лидер по популарност кај етничките Албанци: прв е Ахмети со 23 % , а трет Села со 16 %, а 39,9 % немаат доверба во ниту еден политичар.

Анкетирани се 1.014 испитаници, телефонски, во периодот од седми до 15 ноември.

OhridNews
извор: „Телма“