Резултатите од втората анкета на телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка, што ја спроведе агенцијата М-проспект, покажуваат дека за владејчката ВМРО-ДПМНЕ во моментов би гласале 23,3 отсто од гласачите, а за СДСМ на 19,4%, покажуваат најновите резултати од втората анкета што ја нарачаа телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка, а ја спроведе агенцијата М-проспект.
Според анкетата бна Телма во 5-та Изборна единица, во Охридско-струшкиот регион, ВМРО ДПМНЕ има предност пред СДСМ од 8%.
За ДУИ би гласале 6,6 %, за ДПА- 3,3 %, Коалиција за промени и правда 0,9 %, ВМРО за Македонија 2,5 %, Алијанса за Албанците 1,9 %, Либерална партија 0,1 %, Левица 1,2 %, Беса – 2,7 %.
Сепак во анкетата како неопределени се изјасниле 15,1 %, а дури 17,6 отсто од испитаниците одбиле да се изјаснат, што е иклучително висок процент.
Телефонската анкета била спроведена во периодот од 20 до 30 ноември, врз 1.800 испитаници.