Мнозинството граѓани во Македонија како позитивен го сметаат чинот на поднесување оставка на пратеници или членови на Влада откако ќе се кандидираат за градоначалници.

Резултатите од телефонската анкетата спроведена во периодот од од  5-8 февруари 2013 од Институтот за Истражување на Политики и Добро Владеење, покажуваат дека 68,6% од анкетираните го одобруваат овој потег, 15,9% се против, додека15,5% се без оценка, пренесува „Макфакс“.

Запрашани дали и други пратеници или министри доколку се кандидираат за градоначалници треба да дадат оставки, 70,8% од анкетираните сметаат дека треба да поднесат оставки, додека 15% дека треба да ги задржат функциите.

Во анкетата беа опфатени вкупно 1060 испитаници од кои 64% се изјасниле како Македонци 25,3 %  Албанци 2.9%  Турци, 2,1 % Роми,  Срби 2%  и  3,3% останати .

OhridNews
извор:„Макфакс“