Анонимуси се заканија дека ќе го урнат интернет на 31 март
28.03.12 07:00
Хакерската група Анонимус планира на 31 март да ја изведе операцијата „Blackout“, односно исклучување на целиот интернет, пренесува „Макфакс“.
Анонимуси дури и се изјаснија како точно планираат да го спроведат својот план во дело. Имено, планираат да ги оневозможат ДНС(Domain Name Server) што би требало да го блокира целиот интернет.
ДНС служи за давање на информации за тоа на која ИП адреса се наоѓа некоја веб страница, претварајќи ги буквите во ИП адреса и обратно.
За оваа закана се изјасни и британскиот вонреден професор од Универзитетот Сури во Велика Британија, Алан Вудвард, инаку експерт за сајбер безбедност. Тој за Би-Би-Си направи анализа на нападот на Анонимуси.
ДНС е структуиран како пирамида со 13 сервери на највисокото ниво кои комуницираат со пониски нивоа, сè до дното. Доколку дојде до промена на врвот, тоа ќе се одрази на сите нивоа, односно на целиот интернет. Доколку Анонимуси успеат да ги онеспособат тие 13 сервери, ќе го блокираат целиот интернет.
Вудвард вели дека Анонимуси ќе изведат редица ДДОС(Distributed denial of service) напади. Тој тип на напади се темелат на преплавување на веб серверите со барања што нема да стигнат да ги обработат и затоа доаѓа до блокада.
Оваа техника хакерите ја искористиле и за блокирање на страниците на Интерпол во февруари оваа година, а веб експертите велат дека доколку серверот во доволна мерка се преплави со барања за сообраќај може да падне секоја страница.
Охриѓани и туристите и годинава ќе можат да уживаат во квалитетното вино, закуските и одличниот избор на музичките перформанси Од 25-ти до 27-ми јуни на кеј „Македонија“ во Охрид, на потегот пред х...
Стручњаци, наставници, родители и средношколци дискутираа за препознавање на токсичните односи, нивното влијание врз менталното здравје и начините за создавање побезбедна и поподдржувачка средина з...
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на г...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.