Легендата на Арсенал за Тиери Анри, повторно заживеа откако французинот беше херој на “топџиите“ во 3-та рунда од ФА Купот постигнувајќи го победоносниот погодок во 78-та минута на дуелот со Лидс.


Ова е неверојатно, ваквите моменти се ретки во фудбалска кариера. Никогаш по моето заминување не помислував дека повтороно ќе го облечам дресот на Арсенал, а веќе постигнав гол што го одведе моојот најомилен клуб во наредната фаза. Сакам да помогнам колку можам, а мислам дека можам уште повеќе – истакна “меч винерот“ Тиери Анри.


Анри во дресот на Арсенал, ќе мине два месеци додека трае паузата во МЛС Лигата а потоа се враќа во Њујорк Ред Бул каде настапува една сезона.

Видео : Анри како некогаш, го спаси Арсенал

Мх.П.