Љубителите на фолклорот, народните песни и ора вечерва на летната сцена на ,,Долни сарај” ќе имат можност да ги проследат настапите на фолклорните ансамбли ,,Подегродзие’’ од Полска и ,,Џидо’’ до Србија. Настапите кои се дел од петтата фестивалска вечер на Балканскиот фестивал за народни песни и игри ќе започнат во 21 часот.
Честа да го затвори фестивалот, утре на 11 јули, ќе ја има ансамблот ,,Кочо Рацин” од Кичево, а во рамки на завршниот концерт, свои настапи ќе имаат и гостите од Полска, Австрија и Србија.
Инаку, вчеравечер публиката имаше можност да ги проследи настапите на ансамблите ,,Ваграм’’ од Австрија и ,,Варна’’ од Бугарија. Во текот на претходните фестивалски вечери свои настапи имаа ансамблите ,,Измир’’ од Турција, ,,Дримкол’’ од Вевчани, ,,Иван Горан Коваќевиќ” од Хрватска, ,,Дом на полифонијата” од Албанија, како и македонскиот фолклорен ансамбал ,,Танец’’, кој одржа целовечерен концерт во рамки на свеченото отворање на фестивалот.












