Ансамблот „Бисери“ кој функционира во рамки на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, на 9-ти и на 10-ти декември ќе гостува во Голубовци, Црна Гора.
Гостувањето се реализира на покана на Ансамблот „Зета“, кој ја претставуваше Црна Гора на овогодинешниот јубилеен Балкански фестивал на народни песни и игри, во Охрид.
Според планираното, за време на посетата, освен концерт, ќе се одржи и презентација на македонската кујна и дегустација на македонски вина.











