Ансамблот настапи на отворањето на 6-иот Божиќен базар, кој се одржа во трговскиот центар „Делта Сити“ во Подгорица, во организација на претседателката Меѓународниот клуб на жените, Јулијана Неделковска, сопруга на амбасадорот Александар Василевски, во соработка со странските амбасади.
-Триесет минутниот настап со сплет на песни и ора од Преспа и Кичевско, на нашите фолклористи беше примен со големо воодушевување од страна на посетителите Базарот, присутни бројни амбасадори и меѓународни организации кои ја организираа оваа хуманитарна манифестација, информираат од Центарот за култура.
По настапот членовите на “Бисери“ за своите домаќини, членовите на КУД „Зета“ и бројни други граѓани од Голубовци, организираа традиционален македонски ручек со македонска храна и презентација на охридско вино во хотелско-рекреативниот центар „Плавница“ кој е сместен на брегот на Скадарско Езеро. На свечениот ручек присуствуваа и претседателот на Општината Голубовци, Душан Радониќ и амбасадорот на Република Македонија во Црна Гора, Александар Василевски, информираат од „Бисери“.
Ансамблот „Бисери“ на 10-ти декември со богата програма се претстави пред бројната локална публика, во која имаше и наши граѓани кои живееат и работат во Подгорица. Концертот се одржа во салата на локаниот Дом на култура која прима повеќе од 220 посетители.