Ансамблот „Отекс фолк“, кој од 15 до 21 мај беше на турнеја во Хрватска, ја воодушеви тамошната публика. Охридските играорци учествуваа на ” 14- те Фолклорни смотри на Личко- Сењската жупанија- Оточац, а оддржаа и целовечерен концет во рамки на македонската вечер во Госпич.


 „Отекс фолк“ го привлече вниманието и на локалните медиуми кои во суперлативи пишишуваат за настапот на охридскиот фолклорен ансамбл.


Ансамблот „Отекс Фолк“, кој до минатата година функционираше како КУД „Отекс“ е формиран во 1983 година. Во својата 29-годишна традиција има учествувано на многу реномирани меѓународни фолклорни фестивали како во Европа така и во САД, Канада и Австралија.

OhridNews