Охридскиот Фолклорен ансамбл „Отекс Фолк“ вчера замина на турнеја во Германија каде што ќе учествува на Меѓународниот фестивал во градот Виценхаузен.
-Ова е петто гостување на овој фестивал што е показател за квалитетот и реномето на нашиот ансамбл, велат од „Отекс Фолк“.
На фестивалот во Германија ќе настапат ансaмбли и фолклорни друштва од Бугарија Шпанија, Франција и други Европски земји.
OhridNews