Прославениот фудбалер и тренер Радомориќ Антиќ ќе биде погребан во Србија, без разлика што последните години ги помина во Шпанија каде и почина на 72-годишна возраст. Телото е кремирано и се наоѓа во Мадрид.

Семејството на Антиќ и фудбалска јавност, во вечноста еден од најуспешните српски фудбалски работници ќе го испратат после стабилизирањето на ситуацијата со коронавирусот. Патувања помеѓу земјите не се забранети, но после влез во друга земја мора да се помине задолжителен карантин од 14 денови и затоа одложен е погребот на Антиќ.

Навивачите на Атлетико Мадрид покренаа петиција да се стави слика од Антиќ на новиот стадион „Ванда Метрополитано“ и секогаш да му се оддава почит. Антиќ со „јорганџиите“ во 1996 година стигна до титулата во Ла лига и го направи најголемиот успех во клубот.

OhridNews