Под мотото „Се грижиме за животната средина, го чуваме националното богатство, ја помагаме културата“,  градежната компанија „Адора Инженеринг“ -Скопје, како  поддржувач на фестивалот Охридско лето,  синоќа по завршување на концертот на Вива Вокс спроведе акција за подигнување на сметот на Антички. Акцијата за расчистување на теренот доцна во ноќните часови, беше реализирана во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ и фестивалот „Охридско лето“.

Целта на акцијата е да се подигне јавната свест за заштита на животната средина и значајните клултурно историски споменици, каков што е Античкиот тетар кој е најголема отворена сцена во Охрид, а воедно и еден од најпосетуваните туристички локалитети во градот.“ – велат од „Адора“ кои од минатата година ја започнаа ваквата акција.

Чистењето започна веднаш по завршувањето на концертот на возбудливата хорска атракција, со што Античкиот тетар подготвен го очекува утрешниот роденденски концерт на Фестивалот, настапот на славниот виолинист  Роби Лакатош.

Целта, како што потенцираат од Адора Инженеринг, е после толку посетен концерт-настп, во чест на најголемиот национален прзник Илинден, да се манифестира општествено одговорна свест на волонтери-вработени во компанијата со голема традиција на корпоративна одговорност, за што оваа компанија е  наградувана повеќе пати, а за 2012 година ја доби и наградата за корпоративна филантропија.  Од друга страна, велат иницијаторите,   ваквата иницијатива е со цел да се подигне свеста кај граѓаните и грижата за чување на културното наслество и животната средина преку подршка на културата.

OhridNews