Елита на турски актери, неверојтна визуелна опрема, фантастична сценографија и неверојатни костими, ќе има можност да види публиката, која вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја проследи претставата ,,Антигона’’од Софокле, во изведба на Државниот театар од Истанбул, Република Турција.

Режисерот на претставата Кенан Ишик вели дека тематиката на настаните и дејствијата во преставата, могу лесно можат да се поврзат со сегашните случувања.

-Иако е пишувана пред 2.500 години, сепак, се адаптира во времето во кое живееме како да е пишувана  за наше време. Токму тоа е квалитетот што може да се толкува низ времињата, вели режисерот Ишик.

Селекторот на драмската програма на фестивалот, Ѓорѓи Јолески, вели дека преставата носи голема порака.

–    „Антигона“ од Софокле е драма која што зборува за диктатурата, драма која што зборува за владетелот кој не дозволува сестрите да го погребаат телото на својот брат кој е убиен во братоубиствена војна. Оваа драма на Софокле во суштина е голема политичка тупаница против демократичноста и слободата на човековото изразување на емоциите и етичките кодови., вели Јолески.

Тој нагласува дека покрај впечатливата сцениографија и костими, адут на оваа претства е и музиката, кој е исклучително квалитетна.

Претствата почнува во 22.30 минути.

Е.М.