Перо Антиќ и неговиот Олимпијакос немаат право на грешка, доколку сааат да се надеваат на пласман во Топ 16 фазата, во натпреварот од осмото коло, во Евролигата.

Олимпијакос на домашен терен, во рамките на А групата, ќе ја пречека екипата на Каха Лаборал.

Групата А е најнеизвесна во Евролигата, Олимпијакос заедно со Билбао и Нанси има учинок од три победи и четири порази, додека три тима Каха Лаборал, Фенербахче и Канту имаат скор од четири победи и три порази.

Олимпијакос и Каха Лаборал, в третото коло одиграа исклучително возбудлив меч, кој шпанскиот тим го доби во финишот со 81:79.

Уникаха, во Б групата, е фаворит против Бамберг, тимот од Малага со победа ќе ги направи реални своите шанси за пласман во Топ 16.

Ц групата вечерва го носи дербито на ова коло, Реал и Макаби ќе играат во Мадрид меч кој веројатно ќе го реши победникот во оваа група. Во вториот меч Партизан со евентуална победа во Белгија, над Шарлроа ќе си обезбеди пласман понатаму.

Две средби ќе се одграат и во Д групата, Монтепаски без Бо Мекејлеб, во Истанбул ќе му гостува на Галатасарај, додека Мајк Вилкинсон и Уникс ќе и гстуваат на Барселона.

“Макфакс“
Ohridnews