После цели десет години Перо Антиќ повторно ќе го облече дресот на Црвена Ѕвезда. Тој веќе пристигна во Белград и изјави дека не се двоумел ниту секунда по добивањето на понудата од „црвено белите“ покрај останатите понуди кои биле финансиски побогати.
– Имав голема дилеми дали останам во Фенер и да уживам во богатиот договор, или да преминам некаде каде што ќе играм констатно за помала плата. Тогаш пристигна понудата од Црвена Ѕвезда и веднаш ја прифатив. Клубот почнува нов проект и сакав да бидам дел од него. Добро е што поголем дел од мојот договор со Црвена Ѕвезда ќе го плаќа Фенер и нема да бидам воопшто товар на клубот кој го сакам и почитувам. – изјави Антиќ.
Околу искусниот македонски кошаркар ќе треба да се гради новиот тим на „црвено белите“ кои има голема одговорност во АБА лигата и националниот шампион во кои триумфираше минатата година.
OhridNews