– Незаслужено загубивме во Кратово, бевме подобра екипа, креиравме повеќе шанси, дури имавме прилики во кои беше потешко да се промаши, а тие од една прилика и тоа по наша грешка ги освоија трите бода. Исто така разочаран сум од односот на домаќините кои по дадениот гол многу повеќе време изгубија лежејки на тревата. Моите фудбалери мораа сами да одат да ја земат топката која ќе излезеше во аут или гол аут. Навистина срамно што се случуваше во Кратово – истакна српскиот стратег на охридската клупа.
Охрид утре во 13 часот на “Срц Атина Бојаџи“ ја пречекува екипата на Брегалница.