Првиот македонски кошаркар во НБА лигата, Перо Антиќ, на тренингот на својот тим Атланта Хоукс, се здобил со фрактура на носот. Информацијата ја објавил поранешниот капитен на македонската репрезентација на својот профил на Фејсбук.

Атланта во претсезоната ќе одигра седум натпревари, покрај Њу Орлеанс противници на овој тим ќе му бидат Мемфис, Мајами, Чикаго, Детроит, Шарлот и Сан Антонио.
Новата сезона во НБА лигата, која ќе биде втора за Антиќ во најсилната лига на светот, ќе започне кон крајот на месец октомври. Атланата првиот меч ќе го одигра на 29.октомври против Торонто.
„Макфакс“











