Македонскиот интернационалец Перо Антиќ уфрли седум поени за 23 минути игра, а имаше уште три асистенции и скокови, две „рампи“ и три изгубени топки во поразот на Атланта од Индијана 107:89 во претсезонските натпревари.

Прв противник на Антиќ и „јастребите“ ќе биде екипата на Далас, а веќе во второ коло ги очекува дуел во „Стејплс Центар“ против Лос Анџелес Лејкерс.
Мх.П.










