Олимпијакос и македонскиот репрезентативец Перо Антиќ на завршницата во Лондон ќе го бранат трофејот освоен минатата сезона во Евролигата.

Во последниот петти натпревар во серијата подобар до три, Олимпијакос го совлада Анадолу Ефес со 82-72 и вкупен резултат 3-2 се пласираше во најдобрите четири екипи.

Корпулетниот Антиќ за 18 минути поминати на паркетот постигна пет поени, имаше шест скокови од кои пет дефанзивни и една украдена топка.

Најпрецизен во “црвено белиот“ состав беше Спанулис со 19 поени, а 15 реализираше Принтезис. Во турскиот преставник во Евролигата најефикасен беше Лукас со 14 кошеви.

Олимпијакос беше последен патник во големата четворка претходно пласман обезбедија Реал Мадрид, ЦСКА Москва и Барселона.

Мх.П.