Државната комисија за спречување на корпуција – ДКСК, во врска со проблемот со дивоградбите, но и истечените концесии на плажите на Охридското Езеро, ги повикува Владата во соработка со надлежните институции, Министерството за транспорт и врски, Државниот градежен инспекторат, Министерството за животна средина и просторно планирање и Управата за заштита на културно наследство, да постапат согласно регулативата и истата да ја применат преку конретни мерки и активности.

Владеењето на законот мора да се почитува без исклучок, а во случајов да се постапи согласно незаконското располагање на крајбрежјето на Охридското Езеро, укажува ДКСК.

Имено, договорите за краткотраен закуп на плажите во Охрид и Струга се истечени од 2016 година до денес, а дополнително на тоа останува да се постапи и да се спроведе законот за бесправно изградените објекти и да се обезбеди владеење на правото во ова подрачје и во целата држава. Дотолку повеќе што се работи за подрачје заштитено од УНЕСКО, а локалните функционери не само што не ги извршуваат своите ингеренции и делумно ги спроведуваат законите, туку си дозволуваат и непримерно однесување и се поставуваат над законот. – соопшти ДКСК.

OhridNews