За одличната новогодишна забава на плоштадот во Охрид се погрижија локалните „Но Фан“, Александар Белов и „Ар Ен Си Бенд“ и хрвтаската пејачка Антонија Шола. Таа не го криеше задоволството од настапот во Охрид, кој, како што рече е прекрасен и во зима.

– Прв пат настапувам за Нова година во Охрид кој е прекрасен и во лето и во зима. Пред се сакам на сите да им посакам добро здравје, а се друго ќе си дојде! – изјави за OhridNews, Антонија Шола. Нејзиниот и настапот на другите естрадни уметници на плоштадот во Охрид го проследија околу 6000 посетители.


Антонија Шола: Охрид е прекрасен и во лето и во зима

OhridNews