Минусните температури не беа пречка за граѓаните во голем број, неделното попладне да го искористат за прошетка и рекреација по кејот.
Иако температурата на воздухот попладнево беше во интервал од -1 до -3 степени целзиусови, јануарското сонце беше во корист на охриѓани и гостите кои се одлучија викендот да го поминат во македонскиот бисер. Голема раздвиженост за време на викендот имаше и на повисоките планински места во Националниот парк „Галичица“, а на снегот најмногу му се израдуваа најмладите.
Според најавите од метеролозите и во наредните денови продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. Утре не очекува Сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Охрид ќе се движи -10 °C до -2 °C. До среда утринските температури ќе бидат многу ниски и на многу места ќе се спуштат до околу -10 степени, а дневните од средината на неделата ќе бидат во пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Утре во планинските подрачја повремено ќе провејува снег.
OhridNews














