Рускиот тенисер Данил Медведев ќе го предизвика Новак Ѓоковиќ во финалето на грен слем турнирот Австралија Опен.

Медведев во финалето се пласираше благодарание на триумфот во три сетови (6-4, 6-2, 7-5) во полуфиналната пресметка со Гркот Стефанос Циципас.

Русинот полесно од очекувањата го совлада Циципас, кој во 1/4 финалето го победи Рафаел Надал. Медведев доминираше во првите два сетови, не оставајќи му простор на Циципас да се разигра. Гркот се закани во третиот сет, но Медведев не дозволи кам бек, добивајќи го 7-5, за конечна победа и пласман во финалето.

Финалето во машката конкуренција се игра в недела рано наутро, во 9 часот и 30 минути.

OhridNews