Ѓоковиќ – Мареј е второто полуфинале на првиот Грен слем во сезоната, Отвореното тениско првенство на Австралија. Енди Мареј, лесно избори пласман во полуфиналето победувајќи го Јапонецот Кеи Нишикори 3-0 (6:3, 6:3 и 6:1) .

Новак Ѓоковиќ ,првиот носител во Мелбурн во четвртфиналето, со 3:0 (6:4, 7:6, 6:1), го совлада петтиот носител, Шпанецот Давид Ферер.

Ѓоковиќ и Мареј минатата година играа во финалниот меч, Ѓоковиќ тогаш победи со 3:0 (6:4, 6:2, 6:3)

Ohridnews