Викторија Азаренка и Марија Шарапова ќе играат во финалето, на првиот тениски Грен слем во сезоната, Отвореното првенство на Австралија.

Азаренка, во своето прво Грен слем финале, во кариерата се пласира по победата над бранителката на титулата Ким Клајстерс со 2:1 (6:3, 1:6, 6:3).

Марија Шрапова ја совлада Петра Квитова со 2:1 (6:2, 3:6, 6:4). Шарапова последната, од вкупно четири Грен слем титули ја освои во 2008 година.

Финалниот меч помеѓу Шарапова и Азаренка ќе го даде и новиот број 1 во женскиот тенис, откако од таа позиција беше срушена Каролин Вознијацки.