Од две различни страни на градот, граѓани со ист апел до комуналната инспекција-да преземе соодветни санкции за оние кои несоодветно го депонираат отпадот или навреме не го подигаат.

Жители од стар град реагираат затоа што и покрај тоа што станува збор за еден од најпосетените делови, не се преземаат санкции за да се спречи лошата навика на нивните сограѓани, кои не го изнесуваат отпадот навреме и не го ставаат во соодветни канти за отпад. 

– Замислете ги гостите и туристите кои поминуваат тука и се фотографираат пред овие културни споменици?!?! Прашувам која е улогата на комуналната инспекција која во координација со ЈП Охридски комуналец мора да преземаат соодветни законски казни? Жално е за сите нас кои ја трпиме некултурата на наши сограѓани кои живеат во стариот дел од градот, обврзани да се грижат за нашето заедничко културно наследство!, велат револтирани граѓани.

Поплаки и од граѓани од Далјан. Реагираат што отпадот редовно не се подига и што стои расфрлан наоколу. Велат-среќа што поради земјотресите нема многу гости за да го гледаат сето ова.

OhridNews