Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 16 степени.

Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Мининималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 11 степени, а максималната од 13 до 22 степени.

Г.М.