Апелациониот суд Скопје по одржана јавна седница донесе пресуда со која ја потврди првостепената пресуда по однос на вината за стореното кривично дело и делумно ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „27 април“.
Апелациониот суд Скопје по одржана јавна седница, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљифета Алими, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Анѓеловски, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо и Александар Василевски Нинџа огласени виновни за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик и на обвинетиот Оливер Радулов за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 в.в со член 24 од Кривичниот законик, на начин што првостепената пресуда по однос на вината за стореното кривично дело ја потврди, се вели во соопштението од Апелација.

Првостепената пресуда во делот каде е ослободен од обвинение обвинетиот Игор Дурловски за кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик , обжалена од Основното јавно обвинителство за гонење оранизиран криминал и корупција Скопје, ја потврди, се вели во соопштението од Апелација.
Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на Апелационен суд Скопје во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
OhridNews












