Aпелациониот суд Скопје попладнево соопшти дека е потврдена одлуката Основниот суд Скопје 1 кој определи мерка притвор за бизнисменот Сеад Кочан. Одлуката е потврдена по однос на околноста опасност од бегство согласно член 165 ст.1 т.1 од ЗКП, стои во соопштението. 

Истовремено советот одлучи дека останатите две причини од член 165 ст.1 т.2 и 3 од ЗКП, поради кои била определена мерка притвор не се исполнети.

Сеад Кочан е првообвинет во случајот „Труст“ што го води Специјалното јавно обвинителство, а во врска со нерегуларности во тендер на ЕЛЕМ тежок 17 милиони евра.

Засега Сеад Кочан е недостапен за организте на прогонот

OhridNews