Апелациониот суд ја отфрли жалбата на обвинителството кое минатата недела побара новинарот на весникот „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски да биде вратен во притвор во Шутка, соопшти од Кривичниот суд, пренесува „Макфакс“.

На 7-ми ноември Кежаровски, кој е осуден на четири ипол години затвор, беше пуштен во домашен притвор до правосилноста на пресудата, но обвинителството минатата недела поднесе жалба до Апелација за одлуката на Кривичниот суд.

Повисокиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд и Кежаровски останува во куќен притвор.

Тој беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот Ореше.

OhridNews
извор:„Макфакс“