Апелација одлучи- братоубиецот наместо доживотен ќе служи казна затвор од 20 години
30.09.11 13:17
Живко Ангелески кој во 2009 година го искасапи две години помладиот брат Александар, а деловите од телото ги расфрли на патот кон Велестово, наместо казна доживотен затвор како што претходно одлучи Основниот суд во Охрид, ќе отслужува казна затвор во времетраење од 20 години. Ова е одлуката на Апелациониот суд во Битола, донесена врз основ на поднесените жалби од страна на адвокатите на обвинетиот. Зоран Јовески кој беше обвинет дека на Ангелески му помагал да ги разнесе искасапените делови од телото на жртвата, согласно одлуката на Апелациноиот суд доби казна затвор од 3 години. Првичната казна која му беше изречена во Основниот суд во Охрид на Јовески од 12 години, претходно веќе беше намалена на 6 години.
Во пресудата донесена од Апелациониот суд во Битола стои дека со измените на Кривичниот закон во 2004 година се овозможува за кривични дела за кои е пропишана и казна доживотен затвор да се изрече казна затвор од 20 години. Во образложението, како поткрепа за вака донесената одлука било наведено и дека Ангелески бил човек кој зад себе има само едно лесно кривично дело- кражба за која бил парично осуден, а и дека е татко на едно малолетно дете.
Бранителот на Ангелески, адвокатот Ристо Новаковски за OhridNews изјави дека е незадоволен од пресудата на Апелациониот суд во Битола и дека ќе поднесе барање за вонредно преиспитување на пресудата, затоа што одлуката е донесена врз погрешни факти и докази обезбедени на незаконит начин. Според него нема валидни докази ниту за начинот, ниту за мотивот и времето на убиството.
Во затворската казна на двајцата осудени ќе биде пресметано и времето поминато во притвор од 13 месеци.
Убиството, според Судот, се случило во семејната куќа на Ангелески во период од 30-ти ноември до 3- ти декември 2009 година. Истрагата покажала дека Живко најпрвин го удрил по глава неговиот помлад брат со тврд предмет, потоа му нанел неколку убодни рани по телото и главата и на крај го искасапил мртвото тело на делови. Зоран Јовески пак му помогнал да ги транспортира деловите од телото до местото каде беа пронајдени, на патот кој води до Велестово.
Основниот суд во Охрид во 2010 година донесе пресуда според која Живко Ангелески доби казна доживотен затвор, а Зоран Јовески се осуди на 12 години затвор.
СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17022026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат п...
Камион MAN за собирање смет во вредност од 30000 евра како донација доби Општина Дебрца која ќе ја користи ЈКП Дебрца Донацијата му беше предадена на градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски од ...
Денешните мерења на Центарот за јавно здравје Охрид на мострите од изворот „Шум“ од каде се снабдува со вода Струга и околните населени места покажуваат матност од 3,62 NTU Во градот на мерните мес...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.