Апелација одлучи- братоубиецот наместо доживотен ќе служи казна затвор од 20 години
30.09.11 13:17
Живко Ангелески кој во 2009 година го искасапи две години помладиот брат Александар, а деловите од телото ги расфрли на патот кон Велестово, наместо казна доживотен затвор како што претходно одлучи Основниот суд во Охрид, ќе отслужува казна затвор во времетраење од 20 години. Ова е одлуката на Апелациониот суд во Битола, донесена врз основ на поднесените жалби од страна на адвокатите на обвинетиот. Зоран Јовески кој беше обвинет дека на Ангелески му помагал да ги разнесе искасапените делови од телото на жртвата, согласно одлуката на Апелациноиот суд доби казна затвор од 3 години. Првичната казна која му беше изречена во Основниот суд во Охрид на Јовески од 12 години, претходно веќе беше намалена на 6 години.
Во пресудата донесена од Апелациониот суд во Битола стои дека со измените на Кривичниот закон во 2004 година се овозможува за кривични дела за кои е пропишана и казна доживотен затвор да се изрече казна затвор од 20 години. Во образложението, како поткрепа за вака донесената одлука било наведено и дека Ангелески бил човек кој зад себе има само едно лесно кривично дело- кражба за која бил парично осуден, а и дека е татко на едно малолетно дете.
Бранителот на Ангелески, адвокатот Ристо Новаковски за OhridNews изјави дека е незадоволен од пресудата на Апелациониот суд во Битола и дека ќе поднесе барање за вонредно преиспитување на пресудата, затоа што одлуката е донесена врз погрешни факти и докази обезбедени на незаконит начин. Според него нема валидни докази ниту за начинот, ниту за мотивот и времето на убиството.
Во затворската казна на двајцата осудени ќе биде пресметано и времето поминато во притвор од 13 месеци.
Убиството, според Судот, се случило во семејната куќа на Ангелески во период од 30-ти ноември до 3- ти декември 2009 година. Истрагата покажала дека Живко најпрвин го удрил по глава неговиот помлад брат со тврд предмет, потоа му нанел неколку убодни рани по телото и главата и на крај го искасапил мртвото тело на делови. Зоран Јовески пак му помогнал да ги транспортира деловите од телото до местото каде беа пронајдени, на патот кој води до Велестово.
Основниот суд во Охрид во 2010 година донесе пресуда според која Живко Ангелески доби казна доживотен затвор, а Зоран Јовески се осуди на 12 години затвор.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на на...
Во првите девет месеци од 2026 година, двата македонски аеродрома со кои управува ТАВ Македонија, Меѓународниот Aеродром Скопје и Aеродромот Св Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 3,3 милиони пат...
Наградата „Драги“, воспоставена во чест на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист кој остави траен белег во македонската култура со препевите на целокупното дело на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.