Горан Грујевски од денеска во куќен притвор. Оваа одлука која ја донесе Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 , Апелациониот суд ниту ја потврди ниту отфрли. Од таму за Телма појаснија дека Апелациниот суд донел одлука дека жалбите на Специјалното обвинителство и осомничениот се недозволени и за правосилна се смета одлуката на Кривичниот совет, Горан Грујевски, началник на УБК да биде пуштен во домашен притвор.
Предметот „Тврдина“ Апелациониот суд го врати во скопска единица. Материјалите и извештајот со одлуката на Апелацинот суд беа испратени денеска околу 14 часот. Грујевски по доставувањето на решенијата до адвокатите и затворот Шутка заминува дома. Таму ќе ја чека одлуката на судот за мерките кои ги бара специјалното обвинителство за поранешната министерка Гордана Јанкулоска која в среда треба да дојде пред судија во претходна постапка. Таа, Грујевски и други вработени во полцијата според СЈО уништиле системи за прислушкување. Ова се случило 2015 година веднаш после спогодбата со Ѕвонко Костовски во случајот Пуч.
Специјалното обвинителство бара одземање на пасошот за Јанкуловска и мерка да не го напушта живелаиштето.
OhridNews
извор Телма