Алијансата за позитивна Македонија(АПМ) денеска ги поднесе кандидатските листи за претстојните парламентарни избори, пренесува „Макфакс“.
Во скопска единица прв на листа е лидерот на партијата Љупчо Зиков, заедно со доцент д-р Александра Србиновска – Дончевски и педијатарот Ангелчо Андоновски.
Во втората изборна единица носител ќе биде претседателот на главниот одбор на АПМ, Владо Бучковски, а второ и трето место на листата се економистката Ирена Тричковиќ и професорот на Медицинскиот факултет, Филип Дума.
Третата изборна единица ја предводи пензионираниот генерал Илија Николовски, кој е претседател на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија, коалиционен партнер на АПМ. По него на листата се адвокатот Асмир Алиспахиќ и стопанственичката Маријана Перковска.
Во четворка носител е членот на извршниот одбор на АПМ Дане Јованов, следуваат адвокатката Кети Петкова и менаџерот на винарницата „Стоби“, Аневски Ѓорѓи Бебеџаков.
Во петтата изборна единица носител е членот на главниот одбор на АПМ, доц.д-р Игор Камбовски. Пензионираниот генерал Филип Котели и архитектката Павлинка Бендевска се на третото и на четвртото место од изборната листа.
Прв во шестка е стопанственикот Џевџет Хаљими, а зад него се правникот Енвер Исени и филологот Лидија Каранфиловска.
OhridNews
извор:„Макфакс“