Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија, нa седницата одржава викендот што измина, упати апел за целосна имплементација на договорот од Пржино како предуслов за создавање на предуслови за организирање на фер и демократски избори на 24 април 2016 година.

-Опструкциите на работата на специјалното јавно обвинителство, почетокот на неговата работа во хотел наместо во одредената локација во зградата на поранешната Агенција за млади и спорт, е уште еден сериозен удар на имплементацијата на Договорот од Пржино. Доцнењето на Договорот за МРТВ и Агенцијата за медиумите е исто така сериозен удар во напорите да се создадат еднакви услови за сите во поглед на медиумското претставување во пресрет на вонредните парламентарни избори. – велат од АПМ.

Главниот одбор на АПМ инсистира за целосна имплементација на препораките на Комисијата на Прибе, кои се составен дел на Договорот од Пржино, во делот на реформи на правосудството и независните регулаторни тела. Исто така дава поддршка на прегледувањето на процесот на спроведување на Охридскиот Рамковен Договор, со предлог да Република Македонија се гради според оригиналниот текст на Охридскиот Договор, кој беше видоизменет со усвоените уставни промени.

Главниот одбор на АПМ донесе одлука за формирање на изборен штаб и отпочнување на преговори за коалициски настап на парламентарните избори.

OhridNews