Алијансата за позитивна Македонија изразува разочараност од, како што се вели во соопштението, неспоспособноста на лидерите на четирите партии да можат да ја решат политичката криза и непочитувањето на спроведувањето на Договорот од Пржино, што истиоте го потпишаа.
„За АПМ спроведување на фер и демократски избори е можно само преку пречистување на избирачкиот список, уредување на медиумската сфера и почитувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР од последните парламентарни избори. Откако ќе се решат овие проблеми ќе можи да се договори терминот за вонредни паралемтарни избори.
Исто така АПМ е сé повеќе убедена дека за спроведување на целосни фер и демократски избори за техничката влада треба да се постави меѓународен политички борд и технички премиер од редот на странски искусни политичари.“- се вели во соопштението на АПМ.
OhridNews