Алијансата за Позитивна Македонија денеска претстави четири пакети на мерки за подршка на домашниот бизнис, претприемачите и за занаетчиите.
-„Повеќе државност, а помалку држава во економијата и работата на македонските фирми” е мотото на овие четири пакети на мерки. Со овие мерки ќе дадеме само еден дел од нашите проекти и аргументи за реализацијата на големиот проект 100.000 нови работни места во сосема нови фирми во период од 4 години, и 30.000 работни места за првите 365 дена на Владата на Позитивна Македонија, или Владата во која Позитивна Македонија ке учествува.- изјави лидерот на АПМ Љупчпо Зиков на прес конференцијата што се одржа денеска.
Тој рече дека предложените мерки заедно со Законот за Претприемништво кој го ветува АПМ, се дел од долгорочната цел Македонија до 2025 година од земја извозник на работна сила, да стане земја увозник на работна сила и да влезе во клубот на 60 најразвиени земји во светот. Зиков додаде дека Владата во која Позитивна Македонија ќе учествува во првите 6 месеци ќе ја докапитализира и ќе го зголеми кредитниот потенцијал на Македонската банка за подршка на развојот која ќе остане државна банка.
-Ќе го зголемиме кредитниот потенцијал од сегашните 300 милиони евра на 900 милиони евра во првата година, на 1,5 милијарди евра во втората година, и на 3 милијарди евра кредитен потенцијал во третата година од мандатот. – додаде Зиков.
Тој најави договор со сегашните и идни претприемачи во рамки на кој во првите 100 дена од новата Влада ќе се формира посебен фонд за нови проекти, бизниси и нови фирми, со гаранција и до 100 отсто од инвестицијата, најмногу до 300.000 евра, потоа формирање на државна компанија за извоз, Закон за претприемнишво. микро бизниси и занаети и договор за скратување на рокот за повраток на ДДВ/кај претежно извозниците на само 7 дена, а за сите останати на 30 дена.
OhridNews