Единствен начин човекот да ја преживее револуцијата наречена „вештачка интелигенција“ е да се спои со машините, или ризикува да стане целосно непотребен, предупредува иноваторот Илон Маск. Според него наскоро во светот ќе завладее масовна невработеност, бидејќи роботите ќе преземат голем дел од работата која сега ја извршуваат луѓето.

Според Маск решениеето е во некој вид на интерфејс поврзан со човечкиот мозок, кој ќе ни помогне да постигнеме симбиоза со вештачката интелигенција.

-Ќе има се помалку работа за луѓето која роботите нема да можат да ја извршуваат подобро од нас. – вели сопственикот на „Тесла моторс“ Илон Маск, пишува „Поп Сајнс“.

Се превидува дека во скора иднина 78 отсто од мануелните работи, 64 отсто од собирањето на податоци и 69 отсто од анализата на податоците ќе ги извршуваат роботи наместо луѓе. Во опасност се и сите видови возачи бидејќи самоконтролираните возила се тестираат наголемо.

OhridNews