Јапонската Влада соопшти денеска дека планира да вработи околу 10.000 здравствени работници специјално за Олимписките игри закажани за ова лето во престолнината Токио.

Настојуваме да вработиме околу 10.000 здравствени работници, кои ќе работат пет денови во неделата за време на одржување на Олимпијадата, изјави јапонската министерка за здравство Сеику Хашимоту.

Јапонските власти се истрајни во намерата за нови вработувања, и покрај критиките од опозицијата, која тврди дека локалниот здравствен систем веќе е под голем товар поради третиот бран на пандемијата со Ковид-19.

Властите во Токио, исто така, не отстапуваат од заложбите Олимписките и Параолимписките игри да започнат како што е предвидено на 23 јули и покрај растечкиот број заразени со коронавирус во земјата.

Паралалено со ова, Меѓународниот параолимписки комитет денеска преку својот портпарол Крег Спенс соопшти дека организаторите во Токио денес се во многу поповолна ситуација отколку пред неколку месеци поради вакцината против коронавирусот.

OhridNews