Потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Хрватска Жељко Шириќ и претседателот на Комисија за судење Стјепан Џедовиќ синоќа биле уапсени во Загреб.

Според хрватските медиуми, Шириќ и Џедовиќ се товарат за примање мито и злоупотреба на службената положба и овластувања. Случајот веднаш бил предаден до Канцеларијата на УСКОК, тело во чија надлежност е борбата против корупцијата и организираниот криминал.

По повод апсењето на двајцата високи функционери на Фудбалскиот сојуз на Хрватска нема официјален коментар ниту од полицијата, ниту од УСКОК.  Шириќ и Џедовиќ се досега највисоките функционери кои се уапсени поради местење на натпревари во хрватското првенство.

Шириќ низа години важеше за еден од најдобрите судии во Хрватска, многу пати во кариерата го судел најголемото хрватско дерби, Динамо-Хајдук. За него постоеја шпекулации дека се занимава со местење на натпревари, но тоа никогаш не било докажано. По завршувањето на активната кариера, Шириќ станал член на Комисијата за судење, чии претседател е Џедовиќ.

Хрватските медиуми шпекулираат дека апсењето на Шариќ и Џедовиќ е продолжение на акцијата „Офсајд“, во која досега се уапсени 15 фудбалски и спортски работници од клубовите Кроација Сесвете, Вартекс и Меѓумурје.

“макфакс“
Ohridnews