Над 10 лица се уапсени во голема полициска акција која утрово се спроведувала во Западна Македонија. Приведена е поголема група која подолг период се занимавала со насилен криминал. Приведените според првичните информации се занимавале со лихварство, насилство и перење пари.
Меѓу приведените, како што дознава Пресс24 има и познати адвокати и извршители кои и помагале на групата преку склучување фиктивни договори и слични малверзации.
При претресите, еден од осмничените почнал да пука кон полициските службеници, но Тигрите успеале да го совладаат. Според првичните информации во акцијата одземени се и поголем број на луксузни возила.
OhridNews
извор Макфакс